Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не е задоволен од ремито со Кристал Палас во натпреварот од 12. коло во Премиер лигата.
– Имаме еден бод повеќе отколку што имавме пред натпреварот. Во оваа смисла, еден бод е еден бод, знаеме колку е тешко да се победи во Премиер лигата. Но, изгубивме и два бода. Од 46. до 75. минута не можевме да го покажеме својот фудбал, не можевме да започнеме напади од наш гол, направивме многу грешки. Ако ја поделиме играта на три дела, тогаш изгубивме два бода. За време на паузата, неколку минути им објаснував на играчите што може да се случи во второто полувреме. Ги предупредив. За да ја контролирате играта со таков противник, треба да ја поседувате топката. Ако му дадете шанса да ја внесе топката во шеснаесетникот, тогаш ризикувате да ја пропуштите победата, рече Мурињо.
По 12 кола Тотенхем е прв на табелата во Премиер лигата со 25 бода, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, кој вечерва одигра 1:1 на гостински терен со Фулам.