Фудбалерите на Рома и нанасоа тежок пораз на Аталанта од 4-1 во првата средба од денешната програма во Серија А.
Домаќините важеа како фаворити на овој меч, но тоа не го потврдија затоа што пред себе имаа ривал кој беше организиран и знаеше како максимално да ги искористи шансите кои ги создаде во Бергамо.
Ејбрахам уште во првата минута ја најави победата на „волчицата“, водство кое беше зголемено од страна на Ѕаниоло во 27 минута. До крајот на првиот дел Аталанта се врати во игра благодарение на Муриел кој стрелаше во судиското продолжение.
Избраниците на Гасперини во вториот дел дојдоа до израмнување, меѓутоа по употребата на ВАР беше утврден офсајд што секако беше ново разочараување, удар за фаворитот.
Ова како да донесе нова енергија на „волчицата“ која во преостанатото време преку Смолинг и Ејбрахам погоди уште двапати за големо славје, десетти триумф во кампањата.
Сега Рома има 31 бод и е на 5. на табелата, Аталанта останува на 37 и 3. позиција.