Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо раскажа за еден од конфликтите со Пол Погба, кои подоцна доведоа до уништување на атмосферата во соблекувалната на „Олд Трафорд“.
Специјалниот откри за една случка по натпреварот со Барнли во септември, кога Погба побарал да си замине од „Трф Мор“ со својот „Ролс-Ројс“.
– Требаше да играме на 30 километри од Манчестер и играчот ме праша дали може по натпреварот да се прибере сам. Му реков: „Ако одиме во Лондон и сакаш да останеш таму, е едно, но тука сме сосема блиску и нема никаква смисла“. Момчето се вознемири. Ние сепак победивме и тој ме праша повторно. Бев среќен и отстапив малку. Му реков: „Барем замини си од стадионот со автобус и замоли го твојот возач да те чека 10 минути оттаму. Потоа врати се како што сакаш“. Момчето повторно не беше среќно, изјави Мурињо.
По редовниот прес по мечот, тренерот бил непријатно изненаден.
– Заврши прес-конференцијата и кога отидов до автобусот, до него беше паркиран „Ролс-Ројс“, во кој го чекаше неговиот возач. На крајот, неговата Екселенција сакаше да си замине од стадионот со неговиот нов „Ролс-Ројс“. Како да се справам со оваа ситуација? Да му кажам да не се качува никогаш во автомобилот? Или да го решам проблемот на друг начин, поради кој ќе ме испратат на „одмор“, вели Мурињо.
Во септември Специјалниот ја одзеде капитенската лента на Погба, а потоа и двајцата имаа јавен конфликт за време на тренинг во Манчестер Јунајтед.
Кон крајот на својот престој на „Олд Трафорд“ Мурињо дури го закотви Погба на клупата.