Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека од тројцата играчи кои ги прекршиле ограничувањата за коронавирус на Божик,  најрозачаран е од Серхио Регилон.

– Регилон ми рече дека ќе го прослави Божик сам. Си помислив дека така ќе биде. Но, како што видовте, тој не беше сам, а ние како клуб сме вознемирени, бидејќи на играчите им ги даваме сите информации, ги создаваме сите услови. Секако дека не сме задоволни. Ова беше непријатно изненадување за нас. Повеќе сакам да кажам дека сум вознемирен отколку лут, изјави Мурињо.

Португалецот најави и можни санкции за фудбалерите.

– Ќе утврдиме какви ќе бидат последиците и како ќе реагираме на ова непријатно изненадување. Вознемирен сум, потенцира Мурињо.

Регилон, Џовани Ло Селсо и Ерик Ламела, учествуваа на божиќна забава со семејството и пријателите, иако од клубот тоа е забрането според протоколите за заштита од коронавирусот.