Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по поразот од Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите (0:1), истакна дека неговиот тим се наоѓа во тешка состојба.
– Лајпциг имаше повеќе ресурси. Се обидов да играм со Лукас и Бергвајн напред, но тие беа многу уморни играчи. Ако сакате да ја анализирате играта, треба да ја разгледате нашата ситуација. Ние сме во многу тешка состојба. Јас сум многу горд на играчите. Она што најмногу ме мачи е дека оваа состојба ќе трае до крајот на сезоната. Говорејќи за следниот натпревар со Лајпциг, можам да гарантирам дека ќе одиме таму за да го дадеме својот максимум, изјави Мурињо.
Ние ќе ги промениме шемите за игра, додаде Португалецот и најави борбена игра од неговите избраници до крајот на сезоната.
– Да можев веднаш би го прескокнал овој период и би се префрлил на 1 јули. Но, ние мора да се бориме до крај, потенцира Мурињо.
Тотенхем има неколку повредени играчи, меѓу нив и најдобрите двајца, напаѓачите Хари Кејн и Сон Мин.