Во пресрет на дуелот на лондонските тимови Тотенхем и Челси кои попладнево треба да играат дуел од англиската фудбалска Премиерлига, тренерот на „петлите“, Жозе Мурињо ги насмеа новинарите со изјава наменета за неговиот колега, а некогашен ученик, Френк Лампард.

Додека работеше како тренер на Челси, Мурињо го тренираше Лампард и одлично го познава.

– Јас секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што го направи за мене како играч. Го сакам тоа момче, секогаш ќе го сакам, а се надевам дека ќе загуби в недела, кажа Мурињо и предизвика смеење кај новинарите кои беа присутни на прес-конференцијата.

Португалецот не мисли дека Челси е во криза, бидејќи е четврти во Премиерлигата, и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите.