Министерот за европски прашања Орхан Муртезани објави дека го потпишал барањето со кое Европската Унија ќе ни ја префрли првата транша од 52 милиони евра од Планот за раст на Западне Балкан.

„Утрово го потпишав барањето за претфинансирање од 7% од Реформската агенда, со кое, според новиот европски финансиски механизам ќе ни биде дадена на располагање првата транша од 52,2 милиони евра“, објави главниот преговарач со ЕУ.

Македонија во следните три години според нашата реформска агенда од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, треба да добие над 750 милиони евра.

„Остануваме посветени на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата“, додаде Муртезани.