Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер , познати по дуетот 2Челос, во најновиот спот се маскирани како јунаци од филмот ,,Пирати од Карибите”.
Тие со овој спот го претставија својот нов албум „Let There Be Cello”, а музичарите мораа да пловат по Јадранот како пирати. На албумот ќе се најдат 14 нови нумери , од кои 12 преработки на големи светски хитови.
Дуото 2Челос од Загреб пред три дена настапи во Скопје , во преполната сала ,,Борис Трајковски”.