Министерството за внатрешни работи утрово уапси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за несовесно работење во службата.
Како што соопшти МВР, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.
-По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје, појаснуваат од МВР,
Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали.