Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.