МВР Билтен

На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, утрово во 04.00 часот при пасошка контрола и проверка било констатирано дека М.М.К.(44) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А“(апси) по барање на СВР Скопје.

МВР денеска соопшти дека М.М.К. била приведена.

На 24.04.2019 година околу 16.55 часот во село Спанчево, кочанско, трактор, управуван од Ж.З.(61) од село Спанчево, се превртел, при што Ж.З. починал на местото. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.04.2019 година во 16.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(34) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во пешакот Р.С.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди сездобил Р.А., додека со телесни повреди се здобил Р.С.. Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 24.04.2019 година во 16.30 часот во скопското село Стајковци, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(37) од Скопје, удрило во пешакот Б.Р.(71) од село Стајковци. Б.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.