Косовскиот премиер, Албин Курти, во изјава за косовските медиуми рекол дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград, објави денеска Радио телевизија Косово, кои додаваат дека има информации за обид за атентат на Курти во Скопје.

,,Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларас Клингбеил”, истакнал Курти во изјава за косовските медиуми.

Од македонското МВР ги демантираа информациите.

,,Ве известуваме дека при посетата на премиерот на Република Косово, Албин Курти, во Скопје, немало обид за атентат врз него”, велат во одговорот кој го добивме од Министерството за внатрешни работи.