И во денешниот билтен на МВР се регистрирани два напада од улични кучиња врз граѓани во Скопје.
На 29.05.2020 во 09.50 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(28) од Тетово пријавил дека во Градски Парк, во близина на бараките на Град Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 29.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(34) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Градоначалникот Петре Шилегов, ветуваше решавање на проблемот со кучињата скитници, но очигледно е дека проблемот расте, решение нема ни со формирањето на јавно претпријатие за згрижување на кучињата. Шилегов на почетокот од својот мандат се сликаше со куче, а еден од последните напади и токму во близина на неговата градоначалничка канцеларија.