Стана секојдневие во полицискиот билтен да се објавуваат по неколку случаи на нападнати и искасани граѓани од улични кучиња, а вчера се регистрирани еден во Центар и друг во Кисела Вода во Скопје.
На 07.05.2020 во 14:50 часот во Полициската станица Центар Р.Т.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 07.05.2020 во 11:10 часот во Полициската станица Кисела Вода М.Н. (58) од Скопје пријавил дека на бул.„Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.