На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје.

На телото на И.Ј. се утврдени траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет.

СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно, ЈО соопшти дека вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан.

Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува, пренесе Телма.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело. Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, информираше ОЈО.