Вујкото му се јавил на својот внук од сестра и го поканил во својот дом вчера околу 15 часот, но инсистрал со себе да го поведе и малолетното дете и за брзо од пристигнувањето биле убиени, информира МВР нагласувајќи дека СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство.

Како пто стои во објаснувањето на текот на настанот, вујкото, 63-годишниот П.Ѓоколу 15 часот му се јавил на внукот од сестра, 43-годишниот прилепчанец со иницијали П.Ч. да дојде во неговиот дом, инсистирајќи со себе да го поведе малолетното дете.

-Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале , стои во полициското соопштение.

Во периодот од 15,30 до 16 часот се слушаат истрели од оружје и најверојатно тоа е моментот кога биле убиени таткото и синот. Меѓутоа, според полицијата, никој во градот не пријавил какво било пукање во тие моменти.

-Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17,10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде тој ја прозива својата сестра и внукот (според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син), објаснуваат од полицијата.

Сопругата на сега убиениот П.Ч. по извесно време се обидела на телефон да ги добие сопругот и синот и откако не можела да ги исконтактира отишла пред куќата на вујкото. На довикувањето никој не одговорил, ама автомобилот на сопругот бил паркиран. Сопругата во 9,20 часот пријавила во полицијата и потоа почнало да се разрешува ужасниот настан.

Првиот обид на полицијата да влезе бил неуспешен. Вујкото фрлил бомба која само испуштила чад, а потоа почнал да пука, на што полицијата возвратила.

Ужасниот настан завршил околу еден часот по полноќ, на помош стигнале и припадниците на единицата Тигри. Во 1,15 часот лекар само констатирал смрт кај три лица. Полицијата во куќата нашла повеќе оружје.

-Во 01,20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител извршија увид на ул.„Стеван Апостолоски “ при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.

Јавен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција.

МИА