Во текот на вчерашниот ден се изречени 584 казни за неносење маска, а 21 лице не ја почитувале забраната за движење, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.