Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“ денеска е затворена по барање на МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдија информацијата. Оттаму соопштија дека барањето за затворање на групатата е испратено викендов.

Во понеделникот беа приведени креаторот и администраторот  на групата. По извршените разговори и прибавените докази против нив се очекува да биде поднесена кривична пријава.

Истрагата ја води Бирото за јавна безбедност кое продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица.

Во групата „Јавна соба“ се споделуваа експлицитни фотографии, видео материјали со порнографска содржина и телефонски броеви со ценовници за наводни услуги на девојките. Групата броеше повеќе од 7.400 членови меѓу кои имаше и малолетници.