Забраната за движење од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) не ја почитувале 11 лица, информираа денеска од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.