На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 203 мерки, од кои 19 за управување со брзина поголема од дозволената.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение наведува дека од вкупниот број, 19 мерки се за возење без возачка дозвола, 14 за користење на мобилен телефон, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 69 мерки за непрописно паркирани возила, четири за минување на затворен семафор (црвено светло) и 20 за неносење заштитна маска
Засилените сообраќајни контроли, стои во соопштението, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.