Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 319 возачи.
Од нив, како што се посочува, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 154 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.