На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 61 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 36 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.