Во текот на изминатото деноноќие на целата територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 379 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР, воедно, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.