Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 615 лица за прекршување на мерката за носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.