Регистрирани се 737 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.