Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамки на зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на Македонија, казнила 872 лица.
Од нив, соопшти денеска МВР, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението од МВР и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.