Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 78 санкции.
Како што информира МВР, 11 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон и 17 санкции за непрописно паркирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се даде придонес за посигурни патишта.