Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 213 мерки, од кои за брзо возење 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци, направени од возачите на мотоцикли.

-Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.