На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за некористење сигурносен појас и 33 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.