Во засилени  акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 за користење на мобилен телефон, седум за некористење на сигурносен појас, а 29 се санкции за непрописно паркирање.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од МВР.