Полицискиот час од 22 часот на 17 март 2021 до 05 часот и утрово не го почитувале 23 лица, информриаа денеска од МВР, додека пак во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата за неносење лична заштита на лице регистрирани се 455 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.