Пет лица не го почитувале полицискиот час, а 363 лица во изминатото деноноќие не носеле заштитна маска, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот час од синоќа е скратен и почнува од полноќ до 4 часот наутро.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел да се спречи ширењето на Ковид 19.