Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи при спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија изрече 778 санкции за возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.
– Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово – 123…, се вели во соопштението на Министерството.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.