Регистрирани се 747 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.