Во текот на вчерашнот ден на подрачјето на СВР Штип во рамки на засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, се санкционирани 106 возачи.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив 11 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.