ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Т.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари.

Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата, соопшти МВР.

Екс директорот Трпески за ТВ 24 во телефонски разговор кратко рече дека вакво нешто не очекувал и дека денешната вест од полицијата многу го потресла.

,,Многу сум потресен и не знам зошто ми го прават ова.Јас на примопредавањето предадов уредно се.Потоа заминав на службен пат, па на одмор а кога се вратив ме информираа дека апаратот го немале. Па го најдоа, па пак го немаше. А апаратот е на интерно одделение.Не знам што прават.” – вели Станко Трпески поранешен директор на Кичевската болница.

Инаку исчезнувањето на апаратот беше пријавено минатиот месец.