Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.Н.(20) од гостиварското село Долна Бањица, Ф.А.(19) од селото Чегране, гостиварско и Д.С.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 26.02.2020, соопштија денеска од МВР, при преглед извршен во патничко возило „опел мерива“, управувано од Д.С., во кое биле и другите пријавени, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со 1,65 килограми марихуана.
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“. Е.М. делата ги извршил во периодот од 31.12.2019 до 17.01.2020 година во Штип. Тој со употреба на сила и подесен алат успеал да влезе во три куќи, еден фризерски салон и три возила од каде бесправно одзел апарати за домаќинство, мобилни телефони, лап топ компјутер, прехранбени продукти, разновиден алат, акумулатори и други предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
На 01.03.2020 околу 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Лабуништа од слобода го лишиле Т.А (21) од с.Лабуништа, струшко, затоа што при преглед на возило во кое се превезувал била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.02.2020 на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. При контролата вкупно биле откриени 19 пречекорувања на дозволената брзина надвор (ТЕ-14 и ГВ-5) и 2 (ГВ)во населено место. Во оваа акциска контрола откриени се, исто така, и седум други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-5)за кои биле издадени соодветни поднесоци.
На 01.03.2020 во 13.45 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од село Кондово поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.03.2020 во 21.05 часот на ул.„Мите Богоевски“ во Скопје, полициски службеници од СВR Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(56) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.03.2020 во 16.10 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, Д.В.(23) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир на тој начин што во алкохолизирана состојба се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.03.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци, И.К. од Кавадарци пријавил дека околу 19.45 часот во дворот на црквата „Св. Димитрија“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари и лични документи. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 01.03.2020 во 14.45 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Пиринска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.И.(29) од Скопје и М.И.(29) од Р.Србија, со престојувалиште во Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 6 и член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.А.(21) и Л.Л.(35), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 20.45 часот било пријавено дека во трговски центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(20), Б.Х.(20) и Ф.П.(21), сите од Скопје, од една страна и Е.М.(21), Е.М.(24) и А.И.(24), сите од с.Долно Свиларе, Сарај, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 01.03.2020 во 19.40 часот било пријавено дека на 29.02.2020 околу 04.50 часот во с.Марино, скопско, Ф.А.(20), А.К.(19) и Ф.Б.(19), сите од с.Марино, биле физички нападнати од три лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 01.03.2020 во 22.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(40) од с.Бањани, скопско, поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, односно преземале мерки во врска со пријава за нарушен јавен ред и мир пред угостителски објект во с.Кучевиште со физичка пресметка помеѓу И.П.(24) од с.Кучевиште и Т.В.(40) од една страна и К.Б.(18) и Љ.Б.(40), двајцата од с.Кучевиште, од друга страна. По целосно документирање на случајот против Т.В. и останатите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 01.03.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, С.А.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од О.А.(44) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Г.(38) од с.Моноспитово, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.09.2019, полициски службеници извршиле претрес на домот на пријавениот, при што пронашле 2,6 килограми марихуана.
Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против М.А.(30) со привремен престој во с.Корешница, општина Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.02.2020, полициски службеници извршиле прегле над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин и марихуана.
Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(43) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.02.2020 од полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и пари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.Б.(73) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ на штета на ЕВН Македонија- Кец Тетово. На 23.01.2020, при вршење редовни работни активности од страна на електромонтери од Кец Тетово, била извршена контрола во дворното место на корисникот Ф.Б., син на пријавениот, при што било констатирано дека корисникот самоволно се приклучил на мрежата и преземал нерегистрирана количина на електрична енергија, со што причинил материјална штета на ЕВН Македонија во износ од 28.449 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(22) од с.Жеровјане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.12.2018 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсори “. На 04.10.2019 на бензиска пумпа кај населба „Три Чешми“, полициски службеници извршиле контрола и преглед на патничко возило, при што кај пријавениот пронашле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Р.(19) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 23.02.2020, пријавениот физички го нападнал П.М.(70) од Битола и му одзел чанта со пари и мобилен телефон.