Во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен вчера во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект што граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи.

– Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.