На крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во село Мирковци, вчера товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д. (57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството наведоа дека во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.