Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нема профил на социјалната мрежа Инстаграм. Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои го злоупотребуваат називот на институцијата и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законско санкционирање на креаторите на овие профили.
Во денешното соопштение се подвлекува дека МВР има своја веб страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб, и тоа е јасно потенцирано на веб страната.