Министерството за внатрешни работи почна со поставување на камери низ Скопје кои треба да ги документираат сообраќајните прекршоци.
– Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите се уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.