Во текот на изминатово деноноќие, според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, како што соопшти МВР,  во текот на изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Оттаму посочуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.