Министерството за внатрешни работи на својата интернет страна ја објави малолетничката Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица.

Од МВР заедно со описот на девојчето објавија и нова фотографија.

-ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон, објави МВР.

Screenshot / Министерство за внатрешни работи

 

Мајката на 14 годишната Вања, Зорица, вчера ја пријави за исчезната нејзината ќерка откако утрината излегла за на училиште, но не стигнала таму.