На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Во рамки на засилените сообраќајни контроли, информираа денеска од МВР, изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување на првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.