Министерството за внатрешни работи информира дека е донесена одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.
Во земјава, освен таблички со ознака „МК“ на сино поле на почетокот од таблицата, има и стари таблички без ознака „МК“, само со кодот на градот, три бројки и две букви. Добра вест за сопствениците на возила со вакви таблички е тоа што и тие ќе треба само да ја залепат бесплатната налепница „НМК“ пред почетокот на кодот на градот, без притоа да ја менуваат таблицата со нова.