По наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција МВР влегло во Академијата за судии и јавни обвинители, потврдуваат од МВР за ТВ 24.
„Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители“ -велат од МВР за ТВ 24
Според информациите на ТВ 24 сомнежите се за злупотреба на системот за полагање на испити.