По објавениот скандал од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека полициски службеници договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања со свој став се огласија и од МВР. Тие демантираат дека биле користени Вибер групи за потребите на МВР, но нагласуваат дека започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите.
-Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во кој било друг град не се координираат преку вибер групи, МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, велат од МВР.
Оваа реакција доаѓа откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека полициски службеници преку социјална мрежа се координирале за, како што велат, физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се дел од СДСМ.