Томе Христоски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крушево, доби кривична пријава од ОВР Прилеп за „поткуп при избори и гласање“.
Како што соопшти МВР, на 14 октомври, пред првиот круг на локалните избори, Христоски. дал поткуп во износ од по 1.000 денари на четири лица. Тој ги поткупил за да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево.
Покрај него, кривична пријава за помагање во поткуп при избори добил и Т.Ш.(36), кој за истата цел на едно женско лице дал поткуп од 5.000 денари.




