Полицијата синоќа на територијата на Скопје санкционирала 81 возач на мотор поради прекршоци во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.
-Во периодот од 20 часот на 6.07.2019 до 1 часот на 7.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за прекршоци од возачи на мотори. Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози, се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството додаваат и дека се откриени и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.