Полицискиот час од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) не го почитувале 15 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и за спречување на ширењето на Ковид 19.